Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПРЕВЕНТИВА ЗА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ: Полицијата упадна во казина и обложувалници, се проверува автобуси кои вршат јавен превоз на деца

Денеска (16.05.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон. При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.

Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК