Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Босилово и Росоман: Воведовме системски решенија за раст на пензиите и минималната плата

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ вчера претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, беше во посета на општина Босилово.

– СДСМ зад себе има резултати на секое поле, но можеби најочигледни се резултатите што ги постигнавме во социјалната заштита и во унапредување на стандардот на граѓаните. Просечната плата која беше едвај 9.000 денари, денес е 20.175 денари, додека просечната пензија ја зголемивме за 60 отсто, но воведовме системски решенија со кои и минималната плата и пензиите ќе растат постојано, без тоа да зависи од нечија политичка волја. Трајно ги обезбедивме стечајните работници, ја зголемивме гарантираната минимална помош и воведовме државна социјална пензија. Тоа, на дело значи вистинска грижа за секој граѓанин, порача Тренчевска.

Во општина Росоман беше членот на Комисијата на СДСМ за земјоделство Гоце Георгиевски кои пред присутните порача дека СДСМ заедно со земјоделците активно вложува во аграрот повикувајќи ги земјоделците да аплицираат на јавниот повик со кој можат да добијат 10.000 евра грант за модернизација на земјоделското производство.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

C +