Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење на “Љуботенски пат”, фатен бегалец од затвор

Приведен криминалец баран со централна потерница, осуден на казна затвор од 5 години и 10 месеци.

На 15.05.2023 по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик, а поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена. Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК