Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Министерот за правда Кренар Лога во Хаг се обрати на Конференцијата за започнување на проектот на ЕВРОПРАВДА

Министерот за правда Кренар Лога се обрати во Хаг на Конференцијата за започнување на проектот на ЕВРОПРАВДА “Подобрување на прекуграничната соработка во кривичната правда во Западен Балкан”.Долгогодишната соработка меѓу Република Северна Македонија и ЕВРОПРАВДА е од исклучителна важност вклучително и од аспект на процесот на евроинтеграции со кој нашата земја во моментот се соочува. Во своето обраќање, министерот Лога рече дека од исклучително значење за поефикасно справување со случаите на прекуграничен криминал е заложбата на ЕВРОПРАВДА дополнително да се ангажира со партнерите од Западен Балкан во насока на јакнење на капацитетите на државите во справување со прекуграничниот криминал, преку обезбедување на оперативна и техничка помош и поддршка и поедноставување на спроведувањето на заеднички истраги.

,,Исклучително важен сегмент од нашата стратешка соработка и партнерство претставува и обвинителот за врски од Република Северна Македонија во ЕВРОПРАВДА и оттука сакам да ја потенцирам и очигледната улога и активното учество во постигнување на досегашните резултати на актуелниот Обвинителот за врски, Ленче Ристоска.
Оттука идејата за подигнување на нивото на соработка и назначување на постојан обвинител за врски е взаемна и ја има мојата целосна поддршка. Ова особено заради тоа што сметам дека поставувањето на јавен обвинител за врски со постојан престој во Хаг ќе придонесе за видливо подобрување на резултатите во гонење на прекуграничен криминал но и за градење на националните капацитети”,потенцира Лога.

Министерот за правда Кренар Лога изрази уверување дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во најскоро време ќе бидат завршени потребните процедури за донесување на одлука за огласот за пријавување кандидати за Јавен обвинител за врски од Република Северна Македонија во ЕВРОПРАВДА кој сеуште е во тек и дека се очекува наскоро од страна на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да бидеме известени за избраниот кандидат. Министерот Лога информираше дека е донесен и Правилник за начинот на соработката помеѓу Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерството за правда со ЕВРОПРАВДА. Поагајќи од потребата за овозможување поголема ефективност и ефикасност во работењето беше подготвен текстот на Правилникот со кој во најголем дел е уредена меѓуинституционалната координација и координацијата со обвинителот за врска.

,,Уште еднаш сакам да ја поздравам имплементацијата на Проектот кој ЕВРОПРАВДА започнува да го работи со државите во Западен Балкан со кој несомнено ќе се зајакне и унапреди соработката меѓу обвинителствата од земјите од Западен Балкан, но и ќе се овозможи поефикасно справување со прекуграничниот криминал, пораќа министерот Кренар Лога од Хаг.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе