Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Министерот за правда Кренар Лога во Хаг оствари билатерална средба со Претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран

Министерот за правда Кренар Лога во Хаг оствари билатерална средба со Претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран.

Соработката меѓу Република Северна Македонија и ЕВРОПРАВДА ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг ,оствари билатерална средба со Претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран. Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските кои ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди ЕВРОПРАВДА од аспект на упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети.
Министерот за правда Кренар Лога истакна дека е запознаен со досегашната соработка со ЕВРОПРАВДА како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес.Министерот Лога ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство , процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија.
На покана на министерот за правда беше договорено Претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран да ја посети нашата држава.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе