3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Висина на поддршката за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација – 2023 година.

Во УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ
НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА, која е објавена на сајтот на Платежната агенција (АФПЗРР) ги има сите информации кои се потребни за земјоделските производители во врска со земјоделските субвенции.

Една од тие мерки е и популарно наречената „ЗЕЛЕНА НАФТА“.

Спроведувањето на мерката 8 „Помош за поддршка на трошоците за набавка на
гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства“ од дел IX од Програмата
за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година ќе се врши врз основа на
податоци за големина на земјоделска површина по вид на земјоделски производ пријавени
во барањата за финансиска поддршка во земјоделството во 2022 година, за директни
плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити,
ароматични и зачински растенија, освен за тутун, директни плаќања по обработливa
земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници,
директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади и
директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки
лозови насади, при што висината на помошта за:

пченица, јачмен, пченка,`рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева,
просо, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија изнесува 1.600 денари по
хектар;
хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион,
шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут
(слануток) и луцерка изнесува 2.400 денари по хектар;
домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, рукола, компир,
краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула,
спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици,
цвеќе, како и за лозови насади изнесува 4.800 денари по хектар;
јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина,
капина и боровинка изнесува 6.000 денари по хектар;
дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија,
шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник изнесува 4.400 денари по хектар и
ореви и питоми костени изнесува 3.000 денари по хектар.
Доколку пресметаната висина на помош по земјоделско стопанство кое е со површина
од 0,1 до 1 хектар е помала од 500 денари висината на помошта ќе се исплати во износ од
500 денари по земјоделско стопанство.
За набавка на дизел гориво за земјоделска механизација Агенцијата за финансиска
поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведува постапка за доделување на
договор за јавна набавка.

извор Агротим

Спонзорирано: