Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка близу Радожда, повеќемина повредени

На 13.05.2023 околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга-с.Радожда, во близина на мост на р.Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(34) од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од с.Љубаништа, охридско.

Во несреќата возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило Т.П.(33) од с.Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

ДЕСК

Кузеска: Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

ДЕСК