25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собор на СПЦ: ќе се разгледува и македонското прашање

Денес почнува седницата на Соборот на СПЦ. Се очекува покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање.

„македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.

Во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј.

Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.