Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Претрес во струмичко, приведен разбојник

На 14.05.2023 во 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.П. (20) од село Ангелци, струмичко. Тој се сомничи дека на 13.05.2023 околу 22.20 часот заедно со уште две малолетни лица од струмичко, во Градскиот парк во Струмица физички нападнале тројца малолетници од Струмица и со закана со остар предмет им ги одзеле мобилните телефони.

Од страна на полициски службеници, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Д.П., при што бил пронајден еден од мобилните телефони одземени при извршеното кривично дело. Утврден е и идентитетот на двајцата малолетници, кои заедно со Д.П. го извршиле кривичното дело и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно Закон за правда на децата.

Д.П. бил задржан во полициската станица Струмица и во текот на денот ќе биде изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе