Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Спасовски: Целосно сме посветени на зголемување на безбедноста во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи е целосно посветено на зголемување на безбедноста во сообраќајот, а особено сме посветени и на превентивните кампањи, кои интензивно ги спроведуваме изминатите години, рече министерот Оливер Спасовски, во изјавата за медиумите по дефилето на велосипедисти и мотоциклисти во рамки на превентивната кампања „Јас внимавам и безбедно возам“, кое се одржа во Скопје, а завршниот дел беше пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во општината Аеродром. Министерот Спасовски потенцираше дека МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата имаат исклучително добра соработка и постојано организираат заеднички кампањски, едукативни, нормативни и други проекти во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот.

„Покрај тоа, особено во поглед на воспитно-образовното и стручно делување, имаме и силна поддршка и од нашите високообразовни институции, како што е поддршката од нашата најстара образовна институција од областа на безбедноста – Факултетот за безбедност при универзитетот “Свети Климент Охридски“, така што сум убеден дека се движиме кон посакуваните цели – а тоа е поголема граѓанска свест и одговорност пред се кон почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поквалитетна едукација и превенција и примарно – поголема безбедност на сообраќајот на патиштата“, рече Спасовски на дефилето на кое учествуваа преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти.

На настанот свои обраќања имаа и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска, како и Марија Ставрева од компанијата ОКТА.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе