18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Собранието ќе одлучи во која форма ќе бидат уставните измени, но фокусот треба да биде на обврските од преговарачката рамка

„Во која форма ќе бидат уставните измени одлучува Собранието и зависи од двотретинското мнозинство на Собранието и пратениците. Јас мислам дека доколку се фокусираме на обврските од преговарачката рамка, а тоа е додавањето на неколку заедници во Преамбулата на Уставот, дека имаме подобри шанси побрзо да ги завршиме уставните измени“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21.

Тој додаде дека за останатите прашања, како за бришењето на 20 отсто и замена со албански јазик се прашања кои се вредни за разгледување, но во некоја наредна фаза.

„Доколку се држиме до она што ни е обврска од преговарачката рамка и доколку дејствуваме брзо во наредниот период имаме шанси до ноември да ги завршиме уставните измени и обврските. Во овој нареден период останува на нас, како мнозинство, да работиме со секој пратеник од Собранието и со сите политички партии за да дојдеме до двотретинско мнозинство, а секојпат, секој политичар носи лична одговорност за резултатите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека за тоа дали и понатаму Северна Македонија ќе остане високо на европската агенда за проширување ќе зависи од тоа со каква динамика ние ги исполнуваме обврските што сме ги презеле со преговарачката рамка, бидејќи доколку не ги исполниме ќе бидеме во ситуација во која самите се блокираме.

Спонзорирано: