Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Штип- Велес, повеќемина повредени

На 11.05.2023 во 19.45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило “форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.С.(37), Д.С.(40) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

Скопски полицаец уапсен за изнуда

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +