Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Дали скапите цени во маркети во Македонија ги натераа граѓаните да пазарат во српски Лидл или тоа е туристичка атракција?

Дури и оние кои важеа за евтини маркети во Македонија, веќе не се тоа, велат граѓаните.

Особено популарно периодов е пазарувањето во српските продавници на Лидл кои нудат подобри цени од македонските маркети, но и подобар избор на производи.

Скопјани најчесто ги посетуваат Врање и Ниш каде има маркети на Лидл, но и продавници на познатиот бренд ИКЕА кој каде каде е поевтин од многу македонски шопинг центри за мебел и уредување на дом.

Посетите на „Лидл“, „Икеа“, но и кафеаните и рестораните во Врање ги рангираше Македонците на првите пет места на туристи кои минатата година ја посетиле Србија.

Слична ситуација се случува и во југозападниот дел од Македонија, каде многу граѓани пазарат во соседна Албанија.

Спротивно на тоа пак нашите соседи доаѓаат тука кога се работи за нафтените деривати, кои се најевтини во нашиот регион и точат за десетина денари поевтин бензин или нафта.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +