Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

НОВИОТ ЗАКОН Е ВО СИЛА: Крај на трговските измами кон потрошувачите, продажба на стоки со истечен рок, наводни попусти кои секојдневно ги гледаме по маркети, бутици, компании за електроника

Крај за лажните попусти, а сезонско намалување ќе има само два пати годишно, летен во периодот помеѓу 25 август и 25 септември и зимски во периодот помеѓу 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година.

Токму ова го предвидува новиот Закон за заштита на потрошувачите, кој беше изгласан во Собранието.

Со новиот закон се предвидуваат и казни до 10.000 евра за нечесните, измамничките и агресивните трговски практики со цел да се спречи и нелојалната конкуренција и профитерство на грбот на потрошувачите.

Овој закон треба да стави крај на трговските измами кон потрошувачите, продажба на стоки со истечен рок, наводни попусти кои секојдневно ги гледаме по маркети, бутици, компании за електроника.

И додека траат попустите производите можат да имаат залепено само две налепници со цена – највисоката и онаа на која се снижува.

Стоките или услугите ставени на акциска продажба мораат да бидат јасно, видливо и читливо означени со зборовите „акција“ или „акциска продажба“.

Но дали е тоа така?

Граѓаните реагираат дека има кампањи на познати компании каде производите се поскапи отколку што биле претходно, а се промовираат дека се на попуст.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +