10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за компјутерска измама, лажно претставување…

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“.

А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +