Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски: Изградбата на коридорите значи нови осум илјади работни места и 1,3 милијарди евра нови инвестиции

Според премиерот Димитар Ковачевски проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор.

-Изградбата на Коридорот 10-д е траен влог и наследство за идните генерации. Драго ми е што и нашите стратешки партнери САД, ја препознаваат важноста на владините политики што ги преземаме за развој на инфраструктурата, особено бенефитот што ќе го има не само нашата држава, туку и соседните држави од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект, Коридорите 8 и 10-д. И за време на мојата работна посета на САД, добивме силна поддршка и беше изразено огромно задоволство, што токму конзорциум „Бехтел и Енка“, составен од американска и турска компанија е изведувач на овој стратешки проект.

Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д, во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја, која ќе биде пресвртница во развојот на нашата држава, истакна премиерот во обраќањето.

Тој додаде дека со оваа инвестиција Северна Македонија се позиционира на економската и инфраструктурната карта на Европа.

-Тоа што беше многугодишна стратешка определба на многу влади, оваа Влада денес го реализира! Денес проверував еден факт, а тоа е дека од осамостојувањето на нашата држава, скоро во 90% од времето министри за транспорт и врски биле или од Прилеп или од Битола или од Ресен и никогаш не го направиле автопатот меѓу Битола и Прилеп. Затоа министер од Штип, Благоја Бочварски заедно со Ејуп Рустеми ќе го направат автопатот од Прилеп до Битола или од Битола до Прилеп, како милуваат граѓаните. Вложуваме во капитални проекти од историска важност, бидејќи не само што ги поврзуваме градовите, регионите, туку и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот, со модерна патна инфраструктура која ќе привлече туристи, но и странски инвеститори со што ќе се подобри имиџот на нашата држава во светски рамки, потенцира Ковачевски.

Премиерот истакна дека за првпат, преку модерна инфраструктура после 30 години земјата се поврзува со исток и запад, се поврзува со нови пристаништа во Драч и во Бургас, ги зајакнува транспортните врски со регионот.

-Придобивките од изградбата на овој проект се огромни и од повеќе аспекти. Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Паралелно, со реализацијата на овој проект, се отвораат можности за нови бизниси, изградба на нови објекти од различни дејности, бензински пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите. Кај нас најразвиени се регионите кои се наоѓаат на коридорот 10, а најмалку развиени се регионите кои се наоѓаат на никогаш изградениот коридор 8. Североистокот и југозападот на земјата, со ова обезбедуваме и рамномерен регионален развој имајќи предвид дека веќе се гради експерсниот пат кон границата со Бугарија. Отворањето на нови бизниси значи и нови даночни обврзници и нови приливи во државната буџетска каса, што дополнително влијае врз развојот на стопанството, бизнис заедницата, и крајно растот на економијата и можности за вложување во подобро образование, здравство и подобри услуги за граѓаните.
Инвестираме во современи, модерни патишта коишто ќе ја подобрат безбедноста и квалитетот во патната инфраструктура. Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта. Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Сега, со Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д, започнавме со подготвителните работи за изградба на околу 110 километри автопатишта во следните 4 години или по 23 километри автопат годишно. Со промената на актуелните законски решенија ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на коридорите, но и на сите идни стратешки проекти како овој, со што го трасираме патот за брз економски раст на државата.
Законските измени се предвидени и за патната и за железничката и за енергетската инфраструктра од стратешко значење за државата.
Токму овие бројки, се доказ за нашата посветеност во подобрување на условите за животот на граѓаните.Со изградбата на двата коридори 8 и 10-д, парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестирањето во патиштата е и инвестиција во нашата иднина. За реализација на големите стратешки проекти потребни се храбри и одлучни чекори во интерес на граѓаните, кажа Ковачевски.

Според него, Владата на Република Северна Македонија и понатаму ќе продолжи по патот на прогресот, ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата и во проекти кои ќе обезбедат брз напредок и просперитет на државата, подобри услови за животот за сегашните и идните генерации на наши граѓани.

-Посакувам успешна работа и изведба и на овој Коридор 10-д, кој ќе донесе подобра иднина за нашата држава, но и за државите околу нас и пошироко. За крај, сакам да им порачам и на МТВ и на ЈПДП и на Бехтел и на Енка, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување, порача премиерот.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе