Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Комонвелт и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Северна Македонија.

На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната британска поддршка и успешната соработка во повеќе области.

Во таа насока, претседателот истакна дека процесот на европската интеграција на земјава и натаму претставува главна движечка сила за трансформација на општеството, којшто позитивно влијание врз стабилноста и развојот на целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК