12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ковачевски во САД, силна поддршка за земјата и за членството во ЕУ

Според владејачката партија, САД остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава.

Потврда за тоа, како што велат, е и последната посета на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на САД и бројните средби со претставници од државниот врв.

„На средбите со Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, со, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, со специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, како и со повеќе сенатори и конгресмени недвојбена беше поддршката што Македонија ја добива од САД.

Заеднички беше заклучено дека САД сериозно го ценат придонесот на Северна Македонија и ја сметаат како силен НАТО сојузник, упатувајќи порака дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори на обезбедување членство во ЕУ“, соопштуваат од СДСМ.

Американскиот државен врв, појаснуваат во нивниот допис, го поздрави и лидерството на Северна Македонија во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и успешното претседавањето со ОБСЕ, во време кога на европскиот континент беснее војна.

Сето тоа, како што оценуваат, е потврда за успешните државнички политики на СДСМ и претседателот Ковачевски и мотив плус, соработката со стратешкиот партнер САД, дополнително да се интензивира.

Спонзорирано: