24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.КУЛТУРА

Посетителите ја докажаа љубовта кон новите книги и читањето – Арена Борис Трајковски исполнета со читатели од сите возрасти

Природните закони велат без акција нема реакција. Но истата добива тежина кога на секоја акција се додава љубов и посветеност. Изминатите седум дена, Арена – Борис Трајковски во Скопје беше исполнета секојдневно со бројни посетители, – и тоа не само од главниот град, – туку љубители на пишаниот збор, креативната авторска мисла, читањето, новите книги, од целата држава. Без разлика на временските услови, во изминатата седмица посетителите ја докажаа љубовта кон уживање во нови книги во рацете, – и возрасните, и младите, па и најмладите посетители беа дел од 35. Јубилеен Меѓународен Саем на книга.

Организаторот ги повикува сите кои немале шанса во изминатите денови да го посетат саемот и да ги разгледаат одличните саемски понуди на над 60 издавачи куќи, на познати наслови на македонски и превод на голем број нови дела од реномирани автори,- и од домашната и од странската литература.

Сите сомнежи дека љубовта кон читањето и почитта кон авторите, ја покажаа токму бројните посетители, а еден од цврстите докази беше и долгата редица од разнолики генерации кои држејќи и по неколку книги во рацете од авторот Крис Картер, пред штандот на Сакам Книги, трпеливо чекаа за да го запознаат и да се здобијат со потпис од еден од најпознатите автори на светско ниво.

Авторските средби беа многубројни, – Влада Урошевиќ, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Игор Џамбазов, Бјанка Белова, познатата Оливера Ќирковиќ, но и многу други познати, а и млади автори ја збогатија атмосферата во арената. Секако, за истото најзаслужни се посветените тимови на издавачите-учесници, кои годинава на јавноста и посетителите им ја понудија најбогатата програма во историјата на Саемот на книга.

Љубовта кон нештата го разубавува животот, а љубовта кон новите книги во било кое сценарио во секојдневието покажува како мирисот на нови книги ја најавува пролетта. Доказ за истото се успешно реализираниот Саем на книга, кој започна на 04ти мај 2023 година, а трае и денес од 10 часот, па сѐ до 18 часот.

За сите понови информации, најдобрите топ понуди на издавачите, следете го Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram, како и Скопски саем – Skopski saem на Facebook, – и дознајте повеќе и на последниот ден од седумневната и можеби најомилена културна манифестација во државата.

Покровител на Саемот на книга е Министерството за култура.