Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Османи: Повеќе интеграција пред членството во ЕУ за поголема кредибилност на процесот

Во рамките на работната посета на Ирска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше обраќање пред Комитетот за ЕУ прашања во ирскиот парламент.

Османи ги брифира ирските пратеници, членови на Комитетот за ЕУ-прашања, за нашиот евроинтегративен процес потсетувајќи дека во изминатите речиси две децении државата е докажан и веродостоен партнер на Унијата, со стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кредибилен сојузник во НАТО и одговорен член на меѓународната заедница преку претседавањето со ОБСЕ во актуелниот нестабилен геополитички контекст.

„Северна Македонија ја докажа својата посветеност кон првиот надворешнополитички приоритет – членството во ЕУ – со сопствените паметни и визионерски мирољубиви политики во изминатите 30 години внатре во нејзините граници, кон соседите и на меѓународно ниво, градејќи енергична мултиетничка демократија преку култура на дијалог, мирно решавање на билатералните спорови, добрососедство и регионална соработка и со силно почитување на меѓународниот поредок заснован на вредности и норми“, истакна Османи.

Говорејќи за предизвиците што ни претстојат на патот кон членство во ЕУ до 2030 година, Османи потенцира дека е потребно на Северна Македонија да ѝ се даде шанса да се приближи кон ЕУ преку конкретни краткорочни мерки за време на процесот на пристапување, што за возврат ќе ја зголеми довербата на граѓаните во извесноста од крајната цел – полноправно членство во ЕУ.

„Северна Македонија никогаш не одела по пократкиот пат во однос на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ и ќе продолжи и понатаму да чекори сигурно обезбедувајќи ги иднината на своите граѓани и напредокот на земјата преку спроведување на реформската агенда, но токму поради тоа треба да вшприцаме поголема кредибилност на процесот подразбирајќи повеќе интеграција пред членството“, заклучи Османи.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе