Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Бојл: Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон оствари средба со конгресменот Брендан Бојл од Пенсилванија.

На средбата Ковачевски и Бојл заклучија дека Северна Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа дека земјата може да функционира како вистинска мултиетничка демократија.

На средбата, Премиерот го поздрави силниот фокус на САД кон регионот на Западен Балкан при што Ковачевски изрази уверување дека со взаемни напори може да се создаде пријатна средина за инвестирање и креирање работни места во регионот, особено за младите луѓе, а во меѓувреме да се нудат можности за инклузивен, транспарентен економски раст, повисоки нивоа на трговија и директни инвестиции. Премиерот се заблагодари на конгресменот Бојл за неговата поддршка на земјата во носењето на најважните одлуки во изминатиот период и гласната поддршка во Претставничкиот дом за нашата евро-атлантска интеграција.

Конгресменот Бојл ја нагласи целосната поддршка за следните чекори на Северна Македонија во евроинтегративниот процес, како и за заложбите за севкупен развој на регионот. Како долгогодишен пријател на Северна Македонија, Бојл посочи дека е навистина горд на влијанието кое што го има македонската заедница во САД.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека Северна Македонија останува стабилен, стратешки партнер и докажан сојузник на САД, билатерално и во НАТО, фокусирана на заедничката посветеност кон безбедност, слобода и демократски просперитет, како и на заедничките активности во борбата против тероризам и други закани по светскиот мир и стабилност.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК