„Договорот од Преспа ни донесе слобода. Не ослободи“, вели таа во репортажата на Рацин.мк за 5 години од Преспанскиот договр Професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии.
Во репортажата на Рацин.мк Јоаниду посочува дека темата Македонија и процесот за изнаоѓање решение за името „ги подели прогресивните од конзервативните сили“ во Грција и дека „прогресиовните сили пред овој настан, пред Преспанскиот договор, се подложија самите себе си на самоцензура.
– Ако не бевме внимателни, бевме подложени на прогони во нашата професија, во јавните настапи. Бевме напаѓани од медиумите, не смеевме гласно да зборуваме дека постои друг македонски идентитет освен локалниот македонски идентитет на грчките Македонци. Бевме стигматизирани како национални предавници. Со договорот од Преспа, сето тоа запре, заврши, ни ја потенцира оваа придобивка од Преспанскиот договор професорката Александра Јоаниду.
Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии, истакнува дека сега „никој повеќе не ни вели, ‘а, вие зборувате македонски, за Македонците’ и потоа не пријавуваат во медиумите, во полицијата, за да бидеме обвинети, да бидеме отпуштени од работа“.
– Морам да ви кажам, во моментот кога на телевизија го проследив потпишувањето на Преспанскиот договор, за кој апсолутно се сложувам и признавам дека беше многу потежок за Македонците, му се јавив на мојот колега Константинос Целикис, којшто предава правни науки на истиот факултет каде што предаваме заедно, тој ми рече „Не можам да зборувам сега. Плачам“. И почнав да плачам и јас. Плачевме двајцата на телефон. Само така можете да замислите што претставуваше за нас овој договор, ги пренесува нејзините сеќавања професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии во репортажата на Рацин.мк.