Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Грковска: Дигитализацијата овозможува ефикасни услуги за граѓаните и на централно и на локално ниво

„Дигиталната трансформација е можност за голем напредок кон ефикасно, транспарентно и отчетно работење на сите институции, без оглед дали станува збор за министерство или општина. А тоа е најдобриот и најефективниот начин за да се зголеми довербата на граѓаните во системот“, истакна заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната тркалезна маса во организација на УНДП, посветена на дигиталната трансформација на локалните самоуправи.

Вицепремиерката Грковска посочи дека во нашата земја постои силна политичка волја да се прифати дигитализацијата и да се развијат различни алатки за дигитализација на јавните услуги на централно и на локално ниво. Тоа го покажуваат и активностите на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството со кој таа претседава. Концептот за дигитална трансформација, кој на предлог на Националниот совет беше усвоен од Владата и за кој во моментов се подготвува патоказ на активности, ги дефинира основните принципи на дигиталната трансформација на сите области на општеството, која мора да се одвива со соработка помеѓу сите институции, приватниот и граѓанскиот сектор и академската заедница.

„Дигитализацијата не е избор, туку неминовност и не смееме да си дозволиме да заостанеме во овој процес. Колку повеќе напредуваме во имплементирањето на соодветни решенија на ова поле, толку побрзо ќе ги почувствуваме придобивките на секое ниво“, изјави вицепремиерката Грковска и посочи дека континуираните инвестиции во инфраструктура и во стручен кадар се основниот предуслов за да може да се реализираат плановите. Тука влегува и потребата од инвестиции во дигиталната инфраструктура на локално ниво, како и обука и поддршка за функционерите на локалната самоуправа за ефективно воведување и искористување на овие алатки.

Од аспект на вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, Грковска нагласи дека е важно што со дигитализацијата се намалува улогата на човечкиот фактор, а со тоа се стеснува просторот за коруптивно однесување во пристапот до услуги, што треба да биде дополнителен мотив за забрзување на процесите.

„Ако се елиминираат причините за незадоволство на граѓаните во секојдневната комуникација и соработка со институциите, ако се сведат на минимум шансите за штетно постапување, ако се зголеми брзината и квалитетот на испорачаните услуги, тоа директно и позитивно ќе влијае врз животот, но и ставовите на граѓаните“, заклучи Грковска.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе