Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

163 санкционирани возачи во Скопје, 54 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, четири мерки за непрописно престигнување, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК