Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка близу Скопје, повеќемина се повредени

На 07.05.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(35) од с.Страчинци, скопско и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Никиштане, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК