5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Блинкен: Ги цениме храбрите одлуки на Владата за обезбедување просперитетна иднина во ЕУ и НАТО

Според американскиот државен секретар Ентони Блинкен САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори високо ценејќи ги досегашните храбри и мудри одлуки кои Владата на Северна Македонија ги презела во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на состанокот со премиерот Димитар Ковачевски во Вашингтон потенцирал дека САД високо го ценат придонесот на Република Северна Македонија во регионалниот контекст, но пред се како цврст НАТО сојузник.

Премиерот Ковачевски ја нагласи важноста од досегашната поддршка на САД за продолжување и интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Во оваа насока била потенцирана целосната поддршка која Северна Македонија ја добива од страна на САД во насока на преземање на следните чекори во евроинтегративниот процес на земјата.

Блинкен ја пренесе силната долгогодишна поддршка на претседателот Бајден на регионот и особено на Северна Македонија, со надеж дека земјата ќе ги искористи можностите кои се пред неа, а на тој пат, државниот секретар потенцираше дека САД ќе стојат цврсто со Северна Македонија, истакнаа од владината прес-служба.

Спонзорирано: