Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Средба Азески – Рафуна: Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата и владеењето на правото

Инфлацијата, енергетиката, зелената агенда, но и новите иницијативи за елиминирање на административните пречки во регионот на Западен Балкан и постепено приклучување на компаниите кон единствениот пазар на ЕУ, беа во фокусот на разговорите на денешната средба во Приштина меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој има улога на копретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседателот на КИФ, Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово.

На работната средба беа отворени прашања за билатералната соработка меѓу двете земји, но акцент беше ставен на улогата што ја има КИФ како асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, која претставува повеќе од 350.000 компании.

„Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата, особено увезената инфлација, нефункционирањето на пазарната економија, прашањето за владеење на правото, каде што сè се удира врз грбот на бизнис-секторот. Затоа, од клучна важност се регионалниот пристап и здружувањето. Предлагам во рамките на КИФ, како претставник на приватниот сектор во регионот, да донесеме заедничка декларација, која ќе биде усвоена следниот месец и каде што ќе излеземе со конкретни барања, кои ќе бидат упатени до сите влади од шесте економии на земјите од Западен Балкан“, нагласи Азески.

Претседателот на КИФ, Рафуна, ја прифати иницијативата и изјави дека е посветен на остварувањето на целите во новата стратегија на КИФ, кои дефинираат подобрување на регионалната соработка, дигитализација, образование и обука, зелената агенда на ЕУ.

За компаниите од регионот, од клучно значење е и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ и примената на т.н. принцип на инклузивно проширување, кој КИФ го предлага со години, а кој би овозможил во определени области на компаниите од Западен Балкан да им се даде третман како да се дел од внатрешниот пазар на ЕУ. На овој начин компаниите од регионот ќе може да ги користат придобивките од економската интеграција со ЕУ и пред формалното завршување на процесот на приклучување кон Европската Унија.

Податоците покажуваат дека во споредба со 2017 година (кога првпат почна да се формализира процесот на регионална економска соработка со усвојувањето на повеќегодишниот акциски план за регионална економска област во рамките на Берлинскиот процес) трговијата со стоки во регионот пораснала од 5,2 на 6,9 милијарди евра, трговијата со услуги од 2,0 на 2,9 милијарди евра, а интрарегионалните инвестиции од 98,6 на 257 милиони евра и потврдуваат дека за компаниите од регионот локалните пазари се многу важни поради блискоста, познавањето на пазарите, но и постојните бизнис-релации. Но, овој раст на соработката е скромен во споредба со потенцијалите кога би се реализирала економска интеграција на регионот и спроведување на четирите слободи (слободно движење стоки, услуги, лица и капитал, без препреки, во целиот регион), што би довело до неколкукратно зголемување на стапките на раст за економиите од регионот на Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе