Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник во Скопје, кој нападнал и ограбил вработена во спортска обложувачница

Полициски службеници од ЕВР Чаир го привеле Ш. Р. (62) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 9.20 часот во спортска обложувачница на улицата Натаниел Кучевишки во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари.

Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК