Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Казнети 179 возачи за еден ден во Скопје, 102 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (7.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 12 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК