5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не’ чека голема промена на времето – Синоптичарите со детална прогноза за денес и деновите што претстојат

Денес претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови.

Прогноза за 10.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Умерено до значително облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови кои наместа ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 11.05.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Прогноза за 12.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.