Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Законот за јазикот е гаранција за заштита и негово унапредување

„Законот настана како еден вид на реакција на се што се случува во однос на јазикот, преголемото присуство на интернационализми, позајмени зборови. Со овој закон се воведува ред“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека законот за употреба на македонскиот јазик не е никоаков политички договор или диктат, туку заштита на јазикот како нематеријално и духовно наследство.

„Имаме обврска да одговориме на сите предизвици пред кои стои јазикот. Ако треба поголема законска регулатива, тоа ќе го направиме. Законот беше долго работен со Советот за македонски јазик и целата стручна фела. Во конструктивна дебата имаше предлози, кои беа вградени во законското решение“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека од измените на овој закон произлегоа и измените на Законот за државни награди, каде што се воведуваат две нови награди со цел признавање на трудот на македонистите.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК