Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четири коли изгореле во Чаир, пожарот е изгасен

Четири автомобил рабо утрово изгореле во пожар на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.

„На 08.05.2023 во 03:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов” во Скопје настанал пожар во патничките возила „Опел” со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(41) од Скопје, „Фолксваген Голф” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „Пежо” со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(27) од Скопје и „Ауди” со скопски регистарски, ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје“, пишува во соопштението од МВР.

Пожарот, во кој нема повредени, го изгасиле скопските пожарникари. Полицијата извршила увид на местото.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК