14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Одблокирана сметката на болницата во Охрид, долгот намален за милион евра

По речиси две години блокирана сметка, Општата болница во Охрид го намали долгот за речиси еден милион евра и ја одблокира сметката. Тоа ќе овозможи нормално функционирање на здравствената установа.

Домаќинското работење на директорот Асен Шајн и финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата доведоа до решавање на овој проблем и враќање во нормала на функционирањето на болницата, која досега работеше без застои само поради трпеливоста на добавувачите.

„Долгот е намален за околу еден милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел. Ова е многу важно, бидејќи охридската болница е регионален центар, каде преку летото бројот на пациенти се зголемува за една третина, бидејќи Охрид е туристички центар и во него престојуваат голем број домашни и странски туристи на кои мораме да пружиме квалитетни здравствени услуги“, изјави Асен Шајн, директор на Општа болница – Охрид за МТВ.

Тој исто така додаде дека после подолг временски период од Општата болница Охрид на специјализација се испратија девет нови доктори, со што се прави планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори како што се педијатрија, анестезиологија и инфектологија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +