Centar.mk
ЛОКАЛНО

Дел од Аеродром утре без струја, без вода село Бојане

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре, на ден 08.05.2023 година (понеделник), од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул.3-та Македонска Бригада, во делот од објектот на МЕТРО АД до капијата на објектот на Жито Лукс (Општина Аеродром).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, утре на ден 08.05.2023 година (понеделник), поради редовно периодично чистење на резервоарот за питка вода во с. Бојане, од 09:00 – 14:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селото Бојане (Општина Сарај).

Можеби ќе ве интересира

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК