15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице во демирхисарско затекнато при незаконит лов

На 05.05.2023 во 19.30 часот во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишиле од слобода О.Ј.(48) од с.Слоештица. Тој бил затекнат од ловочувар при незаконит лов, односно при поставување опрема – челични сајли за нелегален лов на дивеч.

Пронајдените предмети биле одземени, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: