Centar.mk
maricic
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Македонскиот јазик бeше нашата црвена линија, никогаш за македонскиот јазик и идентитет не сме преговарале

„Во сите преговори македонскиот јазик бил нашата црвена линија, никогаш за македонскиот јазик и идентитет не сме преговарале,“ истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата за афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо по повод Ден на македонскиот јазик.

„Преговаравме за македонскиот јазик да стане рамноправен член во клубот на мултијазичната Европска Унија. Успеавме да го вметнеме во преговарачката рамка како јазик на кој се преведува европското законодавство и на кој се потпишуваат договорите и се водат преговорите со ЕУ. За 2022-2023 година, Секретаријатот за европски прашања има приближно 60 илјади преведени страници од правото на ЕУ (aquis), од Службениот весник на Европската Унија или 49.126 авторски страници“, истакна Маричиќ на неговата фејсбук страница.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +