16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза

Во првите четири месеци од годинава, од јануари до крај на април Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за 161 фото-електрични централи (ФЕЦ) со моќност од 54.8 MW.

„Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 207 MW, што е приближно еднакво на еден блок од РЕК Битола. Потврда за се поголемата енергетска независност е фактот дека во првите три месеци од годинава увозот на струја е повеќе од двојно намален и од традиционалните 30 % увоз што се правеше порано за целокупните потребни на државата, сега увозот изнесува само 11% “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 години РКЕ има издадено лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW. Од нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 MW се за ветерни електроцентрали, а 7,2 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за термо-електроцентрали на биогас.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

C +

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

C +

Јовановиќ за РАЦИН.МК: Алта банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата, гувернерот да не го одобри преземањето на Стопанска банка Битола

C +