Centar.mk
ЛОКАЛНО

Времем режим на улица Александар Урдаревски

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање со прв слој на дел од коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива 05.05.2023 година (петок) од 8 ч наутро до 15 часот попладне во едната насока и ќе биде зафатена само една коловозна лента.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК