Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило „мерцедес“ удри во мопед, тешко повреден скопјанец

Вчера, околу 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата Борис Сарафов, улицата Ѓорѓи Казепов и улицата Апостол Петков во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. В. (37) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. Т. (30) од с. Визбегово, Скопско.

По несреќата, Ф. Т. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК