Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаВо тренд...

Спасовски: Оваа година 7 мај е дополнително значаен бидејќи Република Северна Македонија и МВР се домаќини и на јубилејната 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Оваа година 7 Мај е дополнително значаен бидејќи Република Северна Македонија и МВР се домаќини и на јубилејната 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се совпаѓа со уште еден убав јубилеј – 30-годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.

Горд сум што нашата држава ја доби довербата да ја организира оваа јубилејна конференција на најголемата светска полициска организација ИНТЕРПОЛ. Ќе имаме 123 високи делегати, со присуство на претседателот, генералниот секретар и извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, министри, директори на полиции и други високи гости.

Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 194 земји од светот. Формирана е во 1923 година, со цел да ја олесни меѓународната полициска соработка, како и да им даде поддршка и помош на сите организации, служби и сервиси, чија задача е превенција и борба против меѓународниот криминал.
Нашата држава станува членка на ИНТЕРПОЛ 62 Генерално собрание одржано 1993 година во Аруба.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе