Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или сите ќе нè заобиколуваат

Законските измени ќе ни овозможат побрза и поефикасна реализација на проектите од стратешки интерес за државата, кои се однесуваат на патишта, железница, гасоводи, енергетски и други инфраструктурни градби од јавен и национален интерес. Преку овие измени ги забрзуваме процедурите и ги намалуваме роковите заради ефикасност и економичност во изградбата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција.

Министерството за транспорт и врски предложи измени во Законот за урбанистичкото планирање и на Законот за градењето. Преку законските измени се воспоставува нов модел на изградба и модернизација на целокупната инфраструктурна мрежа.

„Во Законот за урбанистичкото планирање се предвидува нов тип урбанистички проекти за градби од стратешки интерес и роковите за постапување на институциите се многу пократки поради брза реализација на терен. Нова измена е и тоа што проектот го одобрува Владата. Во делот на Законот за градењето единствена разлика е тоа што временски ја намалуваме административната постапка бидејќи инвеститорот ќе може да почне со фазна градба на одделни делови, кои се имотно-правно чисти. Ова го повторувам неколкупати како и во сегашниот закон и со измените се запазуваат сите фази на градење и проектот мора да биде потврден со позитивна ревизија. На крајот на изградбата Министерството за транспорт и врски како и до сега издава одобрение за употреба, но претходно мора да се направи технички преглед и да се утврди дали градбата е изградена во согласност со проектот“, изјави Бочварски.

Предлог-измените, и во двата закона, како што велат од Министерството, се однесуваат на постапките за изградба на патиштата, железнички пруги, магистрални гасоводи, енергетски градби и други инфраструктурни градби од јавен интерес од национална важност, чија изградба како градби од јавен интерес е предвидена со урбанистички проект за градби од стратешки интерес.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +