4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+SHOWBIZ

PURE Night Club го враќа духот на ноќниот живот во Скопје со својата нова концепција на програмата!

PURE Night Club ја отвора новата летна клупска сезона, а ние не можеме да дочекаме да Ви посакаме добредојде на вечерите полни со музика, забава и добра енергија. Со големо задоволство ве информираме дека програмата за новата сезона е најдобрата досега, и ги вклучува најголемите регионални имиња од музичката индустрија.

Сакаме повторно Скопје да има богат културен и ноќен живот преку воведување стандарди и воведување на нови концепти. Ќе се обидеме да креираме привлечна и динамична зона за забава и уживање во ноќниот живот на Скопје во разни стилови, и повторно да го вратиме сјајот на ноќниот живот на Скопје како во осумдесеттите и деведесеттите години.

На 12 мај, ја имаме честа да Ви го претставиме авторот на нај љубовните текстови – Владо Георгиев, кој воедно е и еден од најпопуларни музичари во регионот. На 19 мај, ќе имаме прекрасна вечер со ас-от на хрватската поп музика – Тони Цетински, кој ќе ни ги пее неговите најголеми хитови. А на 25 мај, ќе гостуваат добро познатите рокери – Прљаво Казалиште.

Клубот во средите ќе биде резервиран за трибјут бендови, четвртоците ќе биде дом на најдоброто од хип-хоп-от, а саботите ќе бидат резервирани за најдобрата диско музика.

Се надеваме дека ќе дојдете да го пречекаме летото во стил, заедно со најдобрата музика како во добрите стари времиња.
PURE Night Club е урбан ноќен клуб во градскиот Парк, со возрасна граница над 25 години. Досега на сцената ги видовме Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, Црвена Јабука, , Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, Нокаут, Ѓоко Таневски, Бени, Ареа и други локални бендови.