Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Беџети: Коридорот е најкапиталниот проект од осамостојувањето, не треба да се спротивставуваме само врз основа на прејудицирања

Коридорите спојуваат а не разединуваат, и тоа добро го знаат не само фрустрираните туку сите, истакна во интервју за „Локално“ универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети.

-Проблемот е зошто тие, а не ние. Инфраструктурата покрај екосистемот е основен предуслов за развој. Секоја друга мисла нема смисла! Излишно е да образложувам и теоретски и практично, тоа го знаат и студентите од прва година на економските студии. Да не зборуваме за транспортот на стоки туку само за туристите (особено на скопјаните) на кои им требаат повеќе од три часа да патуваат 160 километри од Скопје до Охрид кога насекаде на запад тоа се реализира за нешто повеќе од еден час. Побрзо скопјанец стигнува до Белград околку до Охрид! Ако ништо друго, сите кои критикуваат нека се потсетат на патиштата во Грција пред да стане членка на ЕУ и какви се истите денес, кажа Беџети.

Тој се надева дека надлежните институции, вклучувајќи ги и медиумите и цивилното општество, „ќе ги отворат очите и ќе ја следат секоја исплата и динамика на реализација“.

-Се што е сомнително треба да се истражува и потребна е апсолутна транспарентност. Ова е најкапиталниот проект во државата по осамостојувањето и по вредност на инвестицијата и по важност. Не треба да се мешаат овие две работи. Едно е да се внимава, а друго е да се спротивставува однапред врз основа на перцепции и прејудицирања, порача Беџети.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК