Соопштение на СДСМ:
Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес.
Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура.
Тоа носи придобивки за граѓаните, за државата, но и за македонската економија.
Иако законските постапки за реализација на овој проект траат веќе 2 години, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно водат хајка против стратешкиот проект.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партијата која што секогаш блокира и се противи на секоја важна, стратешка одлука на земјава.
Со невистини, лаги и извртување на факти ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против изградба на коридорите и против американската компанија Бехтел.
ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица идентично се однесуваше и за Францускиот предлог за почетокот на преговорите со ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица вака се однесуваа и против Преспанскиот договор со којшто станaвме членка на НАТО.
Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна.
ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на криминал, корупција, провизии од автопати, и од криминалниот Скопје 2014.
СДСМ нема да дозволи оваа режимска партија сега помогната од проруската Левица да создаде нов хаос како со автопатот Охрид – Кичево.