Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност, која може да ја практикува секој од нас, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Претседателот во пораката вели дека Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи, кои ја окупираат нашата сегашност.

„Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да може професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис-притисоци“, вели Пендаровски.

Заедно со новинарите, додава тој, да се бориме и против лажните вести бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК