Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Лога:Демократијата зависи од слободата на говор и независноста на медиумите

Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе 3 Мај- Светскиот ден на слобода на медиуми на сите новинари, сниматели, фоторепортери , медиуми и медиумски работници .

,, Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од секакви притисоци. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството. На граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации. Само квалитетно, одговорно и етичко новинарство може да доведе до развој на демократијата, инклузивно и отпорно општество.. Апелирам, сите заедно да се спротиставиме на дезинформациите кои имаат за цел да создадат лажна слика во општеството и паника кај граѓаните”, порача министерот за правда Кренар Лога .

Со цел подобрување на состојбата, Министерството за правда преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета овозможи да се гарантира слободата на изразување. Со овој закон драстичното се намалува висината на казните на медиумските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Со измените на Кривичниот законик нападот врз новинар се казнува како напад врз службено лице.

Владата и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно , професионално и достоинствено извршување на новинарската професија

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе