Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уметникот Андреевски по инцидентот во Солун: МНР реагираше професионално

Македонскиот реномиран ликовен уметник, Сергеј Андреевски во пишаната изјава за медиумите по повод инцидентот што се случи на неговата изложба во Каламариа, Солун.

Заблагодарувајќи се за поддршката што ја добива од голем број уметници, интелектуалци, граѓани и воопшто на македонската, грчката и светската јавност Андреевски акцентот го стави и врз професионалната реакција на професионалноста на министерството за надворешни работи а особено заложбите на македонскиот генерален конзул во Солун, Дејан Ѓучиќ, кој, додава тој, направи сѐ јас и мојата сопруга да се чувствуваме безбедни.

„Живееме во време на пандемии, војни, економски турбуленции и воопшто, преструктурирање на планетата земја. Сите сме, помалку или повеќе вклучени во промените. Сето ова, особено не засега нас, уметниците. Нам ни треба свет без граници, луѓе без вардели. Со мојата уметност отсекогаш трагав по нови, неоткриени предели за да прозвучат нивните убавини преку моите слики“, потенцира Андреевски.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК