Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Турчин, наместо влез во Македонија, заврши во станица – со лажен зелен картон сакал да помине граница

Ноќеска, во 00.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, од слобода бил лишен Х. К. (51) од Република Турција.

„При пасошка проверка и контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото што го управувал“, велат од МВР.

Тој им бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК