Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски ја потврди поддршката од Македонија за членство на Шведска во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Северна Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

Пендаровски изрази благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции истакнувајќи дека пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјата и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на поддршката и посветеноста на Шведска кон регионот и за време на актуелното шведско претседателство со Советот на Европската Унија.

Пендаровски ја реафирмира поддршката од Северна Македонија за скорешно членство на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за севкупната стабилност на европскиот континент.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК