Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице барано со потерница

Денеска, во 10.30 часот, во с. Сопот, Кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Х. Х. (22) од с. Сопот.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот суд Куманово за издржување затворска казна од девет месеци за сторено кривично дело по член 383 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето, според МВР, ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК